Четворица германски експерти ќе се вклучат во истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница
Германскиот тим од Федералната криминалистичка служба, кој треба да пристигне по завршената претходница деновиве, првично е составен од четворица, и тоа од двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.
Ова го соопшти портпаролот на Владата Душко Арсовски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање во врска со германските експерти кои ќе се вклучат во истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница.
Во МВР, како што информира тој, веќе се подготвува соодветна поддршка во форма на алат, нацрти, планови и други релевантни информации кои можат да помогнат во заедничкото утврдување на фактите.
– Германските експерти ќе работат заедно со крим техничарите на МВР како поддршка на ОЈО при истрагата за утврдување на причините за пожарот во модуларната болница во Тетово, посочи Арсовски.
Ново на Сител
-

Уште една жртва од пожарот во Тузла, 12 свеќи за жртвите во Домот за пензионери
-

Бомба поставена на автомобил на Бит Пазар, додека е во Италија, сопственикот добил порака со закана
-

Две машки и едно девојче се тепале во двор на основно училиште во Драчево
-

Патник нападнат од возачот на меѓуградски автобус откако влегол во автобусот
-

78-годишен возач излетал од патот на скопска обиколница
-

Опожарени два автомобила во скопски Аеродром
-

Кривична за маж од скопско, со дрвен предмет пробал да го убие својот брат
-

Ѓорѓиевски го презеде раководењето со Скопје, најави дека од вечер почнува голема акција за чистење на градот
