Четирите града уште денеска во карантин, Комисијата за заразни болести на состанок за следните чекори
Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок на кој ќе бидат разгледани следните чекори во однос на рестрикциите. Уште денеска граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце ќе бидат во карантин. Забраната за движење завршува утре во 5 часот наутро.
Во сите останати градови граѓаните и денеска можат да се движат до 16 часот. Забранета е посета на гробиштата на целата територија на државата до утре до 5 часот наутро.
Владата оваа одлука ја донесе во средата, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот.
Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, а аптеките работат непречено.
Отстапките од овие забрани се однесуваат и за земјоделските активности, поради што е дозволено движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.
Забраната за движење не важи за лицата со попреченост и за нивните придружници доколку имаат соодветна документација.
Прошетката на милениците е во периодите 8 до 8:30, 15 до 15:30 и 20 до 20:30 часот.
Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека во првите 24 часа од враќањето на рестриктивните мерки, регистрирани биле 481 прекршоци кај лица кои не носеле лична заштита, а 155 биле приведени од 203 лица кои не ја почитувале забраната за движење.
Осумдесетчасовниот полициски час почна во четвртокот во 21 часот, а ќе трае до утре до 5 часот наутро. Забрана за движење на територија на цела држава имаше до 26-ти минатиот месец, кога беше целосно укината.
Ново на Сител
-
Хрватската опозиција на седница на Саборот остро го критикува премиерот Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“
-
Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување
-
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
УНИЦЕФ: Во последните два месеца во Либан се убиени над 200 деца, а 1.100 се повредени
-
За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат
-
Опозициски пратеници и советници ја блокираа зградата на судот во Нови Сад
-
Јаневска: Наредната година 30 милиони евра за студентски стандард, ќе се решат лошите услови во Студентскиот дом „Пелагонија“
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино