-->
-->
Четиригодишно девојче заразено со Ковид-19 во Италија
-->
Четиригодишно девојче од Италија е заразено со коронавирус, пренесоа денеска италијанските медиуми.
Таа доаѓа од местото Кастиљоне де Ада во Ломбардија, едно од десетте места кои се наоѓаат во црвената зона.
Девојчето е сместено во болница, има благи симптоми на грип, и не е во сериозна здравствена состојба.
Претпоставка е дека вирусот го добила во болницата во Кодоња, кога таму бил хоспитрализиран првиот познат случај во Италија.
Црвената зона во северна Италија ја чува полицијата 24 часа дневно, за да се спречат неконтролираните излегувања и влегувања од подрачјето на епидемијата.
Според достапните податоци, село со околу 4.000 жители е најмногу погодено од Ковид-19, бидејќи во моментов во него има 40 зарзени лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот