Четириесет Роми ќе го дооформат средното образование

Преку проектот „Роми, дипломирајте и имајте подобар живот“, новата генерација вонредни ученици Роми почна со настава во делчевската гимназија. Со проектот се опфатени 40 Роми на возраст од 19 до 45 години од општините Делчево, Берово, Пехчево и Виница, кои го немаат дооформено средното образование.
Ермина Реџепова од НВО „Тернипе МК“ која е и координатор на проектот, истакна дека тој се имплементира трет пат.
- Во моментов имаме 40 ученици од регионот. Во Берово учениците имаат положени шест испити, додека во Делчево наставата почнува од денеска. Во Виница ќе стартуваме во текот на овој месец, рече Реџепова.
Интересот кај Ромите да го заокружат образованието е голем бидејќи, како што рече, ефектот од претходните два циклуса се мерат со лични успеси на дипломираните Роми.
- Веќе завршените ученици си зедоа дипломи, некои продолжија на факултети, некои ги унапредија на своите работни места, а половината се вработија во државната администрација, додаде Реџепова.
Во првите два циклуси дипломирале 136 Роми. Проектот се спроведува од 2009 година. Финансиската поддршка е на Ромскиот едукативен фонд од Будимпешта во соработка со средните училишта и четирите општини од регионот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност и претседател на ЦИБ
-

Жан Митрев обвинува, Филипче најавува тужби, ВМРО-ДПМНЕ бара истрага
-

Филипче: На седница ќе го кажеме ставот за Законот за прекршоци
-

Покренато обвинение за помагачите на Саитов - ЈО предложи и продолжување на притворот
-

Расте бројот на странски работници во Македонија, од каде доаѓаат најмногу?
-

Прилепските угостители со позитивни оценки за Законот за работно ангажирање лица
-

Сите инфлуенсери до март мора да се регистрираат во АВМУ - во спротивно ќе се соочат со прекршочни пријави
-

Грипот во подем, посебен апел до учесниците за Водици
