Четириесет проценти од жените сексуално вознемирени на работното место
Четириесет проценти од жените доживеале некоја форма на сексуално вознемирување на работното место, а 31 процент секојдневно добиваат навреди за својата работа од претпоставените, покажуваат светските статистики.
Според Секцијата на жени при Конфедерацијата на слободни синдикати, голем е бројот на случаи на мобинг врз жените на работното место, но мал е бројот на оние кои се охрабруваат да го пријават тоа бидејќи се плашат да не го загубат работното место.
- Во Македонија се смета дека рамноправноста е постигната меѓутоа тоа е само на хартија, а реалноста кажува нешто друго. Жените се 12,5 проценти помалку платени од мажите во сферата на трудот, изјави Санела Доневска од Секцијата на жени при КСС.
Нивни претставнички денеска со делење пропаганден материјал во центарот на градот се вклучија во одбележувањето на Меѓународниот ден на жената.
Секцијата на жени при КСС ја поддржува и Конвенцијата против родово базирано насилство чија ратификација би допринела за унапредување на правата на жените.
Ново на Сител
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев
-
Преглед на вестите од светот
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција