Четири жени загинаа во престрелка во трговски центар во САД

Во градот Берлингтон во американската сојузна држава Вашингтон во синоќешната престрелка загинаа четири жени, додека еден маж е тешко повреден. Вооружениот напаѓач побегна, соопшти полицијата.
Инцидентот се случи синоќа во трговскиот центар „Каскејд“ во Берлингтон, околу 105 километри северно од Сиетл.
- Полицијата активно трага по напаѓачот, маж од јужноамериканско потекло, облечен во сива облека, изјави портпаролот на Државната патрола во Вашингтон, Марк Френсис.
Полицијата соопшти дека нема индиции оти нападот е терористичкии акт иако се уште не се познати мотивите.
- Во Вашингтон синоќа се случи трагедија. Нашите срца се во Берлингтон, напиша на Твитер гувернерот на Вашингтон Џеј Инзли
Канцеларијата на ФБИ во Сиетл соопшти дека „нема информации за евентуални нови напади“ во сојузната држава Вашингтон.
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
