Четири транспортни фирми лицитираа за превоз на учениците во Штип
Четири фирми денеска лицитираа за добивање на тендерот за бесплатниот превоз на учениците од Штип, но и од соседните градови, кои се запишани во штипските регионални средни училишта.
Портпаролот на општина Штип Драган Ристов изјави дека на денешната електронска лицитација се пријавиле четири транспортни фирми од Штип, Радовиш и Конче за седум линии кои се предмет на тендерска постапка за превоз на ученици.
- Градоначалникот на општина Штип ќе ги разгледа понудите, по што ќе одлучи. Доколку некои цени се превисоки, општината не може да ги прифати, најверојатно ќе следи нова постапка за нов тендер, рече Ристов.
Што се однесува за стариот долг кон транспортните фирми за бесплатниот превоз, Ристов појасни дека од страна на општината веќе се подмирува.
- Општината ги користи сите можни ресурси и заштеди за да намали дел од своите долгови, меѓу кои и за превозот на учениците во текот на изминатите години. Според информациите од Одделението за финансии долгот е намален за 100.000 евра, рече Ристов.
Штип како регионален училишен центар имаше заостанат долг за бесплатен превоз од околу 450.000 евра, а додека тековните обврски кон транспортерите за минатата година се исплаќани редовно.
Ново на Сител
-
Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина
-
Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје
-
Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД
-
Одбележана 10 годишнина од настаните во Диво Насеље
-
Турчин во Скопје со капак од шахта удирал по глава свој сонародник, пробал да го убие
-
Вработена во основно училиште пријавила дека била нападната од ученик
-
Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија