Четири современи јапонски филма во Кинотеката на Македонија
Кинотеката на Македонија во соработка со Амбасадата на Јапонија во Виена и Јапонската фондација, од денеска до 28 ноември ќе организира Недела на современ јапонски филм.
Во четирите дена со почеток од 20 часот ќе бидат прикажани четири филма жанровски разновидни и снимени во 2013 и 2014 година, а фокусирани на заедничка тема - „Динамична Јапонија“.
Циклусот вечер ќе почне со комедијата „Кралот на извинувањето“ која раскажува за професионален инструктор за извинување, а во наредните ќе бидат прикажани: акцискиот филм „Опасни женски“ - за ученички од средно училиште кои се борат со криминалци, филмот со борачки вештини „Танчарот карате кид“ кој раскажува за атракцијата Ријуку-карате во регионот Окинава, а на 28 ноември - документарецот „Филм за Накамура Канзабуро“ посветен на животот на еден од најголемите јапонски кабуки актери кој почина во 2012 година.
- Би бил среќен ако оваа филмска недела ја посетат што е можно повеќе луѓе и ако одново ја откријат Јапонија од еден поинаков агол и го продлабочат нивниот интерес за мојата земја. Искрено се надевам дека оваа Недела на современиот јапонски филм ќе послужи за понатамошно продлабочување на врските меѓу Јапонија и Македонија, пишува јапонскиот амбасадор Макото Такетоши во каталогот за филмската недела.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година
-
Традиционални странчинарски игри во селото Мокриево под Беласица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се затвори завесата на Вевчанскиот карневал
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново