Четири ракети истрелани кон американската амбасада во Багдад
Најмалку четири ракети се истрелани кон американската амбасада во силно заштитената „Зелена зона“ во Багдад, соопштија денеска двајца неименувани ирачки безбедносни претставници.
Официјалните лица соопштија дека три ракети паднале во просторот на американската амбасада, а една од нив погодила училиште кое се наоѓа во блискиот станбен комплекс.
Во соопштението на ирачката армија се наведува дека во нападот се повредени една девојка и една жена, како и дека ракетите биле лансирани од населбата Дора во Багдад.
Очевидци тврдат дека го слушнале одбранбениот систем на амбасадата C-RAM, кој треба да открие и уништи дојдовни проектили, артилерија и минофрлачки гранати за време на напад.
Ова е последен во серијата напади со ракети и беспилотни летала од почетокот на годината, а се насочени кон американското присуство во Ирак. Минатиот четврток, серија напади беа извршени врз американските војници во Ирак и Сирија.
Ново на Сител
-

АХВ заплени и уништи 470 килограми месо и внатрешни органи во нерегистрирана комора во Василево | ФОТО
-

САД го охрабриле Орбан да се кандидира за генерален секретар на ОН
-

„Принглс“ нуди 200 години бесплатен чипс на оној што ќе се согласи да биде погребан во нивна кутија
-

Мбапе му донесе победа на Реал над Барселона
-

Како до побрза дигитализација на македонските компании? Андоновски и бизнис-заедницата на иста маса
-

Нетанјаху бара засилена поддршка од Трамп пред изборите - Белата куќа гледа знак на очај
-

ЕУ предлага поблиска соработка со Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг, само 20 отсто од Бугарите гласаа
