Четири пациенти ја загубија битката со вирусот во штипската модуларна болница
Во штипската модуларна болница во рок од 24 часа починаа четворица пациенти, станува збор за пациенти на возраст од 66 до 89 години од Штип, Кочани и селата Лески и Подареш. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека пациентите кои се лекуваат во модуларната болница се со тешка клиничка слика, со воспаленија на двете белодробни крила и со други наоди и болести. Во моментов во болницата од 38 пациенти, само четворица не се на кислородна поддршка. Во кожното одделение се лекуваат осуммина и тоа се пациенти, кои се стабилизирани и за неколку дена се очекува да заминат дома.
Ѓеорѓијев посочува дека кон крајот на наредната недела се очекува да се стави во функција и Инфективното одделение, во кое се поставува современ противпожарен систем, со рана детекција за пожари и прскалки. Во зградата на Инфективното одделение ќе се лекуваат над 60 пациенти, а во истиот објект се враќа и одделот за Неврологија.
Ново на Сител
-
Уставниот суд го одби барањето на Апасиев против поранешниот претседател на Собранието
-
Николоски: Заеднички и одговорно ќе го вратиме сјајот и духот на македонските железници
-
Полицајци заедно со затвореник барале дрога во Штип, лажел дека бара часовник кој му го земал кучката Цеца | ВИДЕО
-
Кривична против три лица од Чешка, вршеле ископ на културни добра во мариовско
-
Зошто насмеаните стјуардеси и стјуарди го поздравуваат секој патник на влезот?
-
Совети за стомачните грчеви кај бебето
-
35-годишен маж од Тетово си ја заклучувал и тепал сопругата
-
Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни