Четири нови случаи со Ковид-19 во Тетовско
Центарот за јавно здравје во Тетово денеска информира за четири нови случаи со Ковид-19 во шест тетовски општини.
– Од четирите нови случаи со Ковид-19, двајца се жители во рамки на Општина Тетово, а двајца се од населените места при Општина Брвеница, информира Зорица Зафироска, специјалист по епидемиологија при Центарот за јавно здравје.
Тетовската полиција и натаму ги казнува тие кои не носат маски како начин на задолжителна заштита од пренесување на коронавирусот.
– Во изминатото деноноќие за неносење заштитни маски на 51 човек им се издадени прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба, соопшти СВР Тетово.
Во текот на изминатите 24 часа има контроли на 245 лица кои имаат решенија за изолација дома од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, при што не биле констатирани неправилности околу почитувањето на решенијата.
Ново на Сител
-
Охрид: Потребна е засилена контрола на она што се гради
-
Преглед на вестите од свет
-
30 години Сител со Игор Филевски - Топки
-
30 годишни Сител со сопругата на Драган Вучиќ - Весна Вучиќ
-
30 години Сител со Снеже Велков
-
30 години Сител со Ирена Петкова - Бонго Бокс
-
30 години Сител со Тошо Филиповски - Досие
-
30 години Сител со Миа Костова, Мартин Трпчевски и Билјана Максимовска - 99 Action