Четири нови случаи на КОВИД-19 во Малешевијата
Пехчево денеска повторно се најде на листата каде има нови случаи на КОВИД-19. Здравствените надлежни соопштија дека регистрирани се двајца нови пациенти кај кои е утврдено присуство на коронавирус.
– За жал иако неколку недели по ред имавме мирна епидемиолошка слика во градот кога е во прашање коронавирусот, денеска имаме два нови случаи на пациентите чии тестови покажаа позитивни резултати. Сепак нема место за паника, бидејки генерално сме меѓу општините каде од почетокот на пандемијата имаме релативно мал број на случаи. Ова значи дека доколку сакаме да ја задржиме таквата слика во градот, треба и понатаму да работиме на почитување на мерките за заштита и спречување на ширење на вирусот, истакнаа надлежните.
Втор ден по ред нови случаи на коронавирус има и во општина Берово. Тамошните надлежни информираа дека денеска се регистрирани двајца заболени и еден оздравен пациент.
– За жал имаме мало зголемување на бројот на позитивни пациенти во нашата општина. Заклучно со вчерашниот ден имавме седум позитивни пациенти на кој се придодадоа и денешните два нови случаи, како и еден оздравен пациент со што вкупниот биланс е осум активни случаи на коронавирус. За да ја спречиме бројката на пораст на случаите, апелираме и понаатаму на почитување на мерките за заштита од КОВИД-19, истакнаа од Здравствен дом Берово.
Во општините од опкружувањето, во текот на денешниот ден претходно од Здравствен дом „Гоце Делчев“, соопштија дека во Делчево заклучно со денешниот ден има два активни случаи на коронавирус.
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден