Четири нови случаи на коронавирус во МВР

Четворица припадници на Министерството за внатрешни работи вчера се новорегистрирани случаи со коронавирус. Станува збор за еден вработен во Одделот за обезбедување на објекти и личности, двајца во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при БЈБ и еден во Регионалниот центар за гранични работи Север. Засега, нема информација дали новозаразените се заразиле на работното место, пишува „А1он“.
Вработени во министерството за внатрешни работи има и во државните карантини, откако се вратиле од земјите со висок или среден ризик од коронавирус. Станува збор за четири лица, но непознато е од каде се враќале и дали биле испратени од МВР или патувале приватно.
Со последните случаи, бројот на заболени лица од коронавирус во МВР се искачува на 39 активни случаи. Поради контакт со заболено лице, 170 вработени во министерството добиле решенија за изолација.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: не се оди надвор без да се постигне консензус дома
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Нови апсења поврзани со проневера во „Државна лотарија“
-

Во четврток средба Муцунски – Петрова во Софија
-

Филипче: Сите лаги на Мицкоски се разобличени - ЕУ го потврди македонскиот идентитет
-

Поевтинуваат бензините и дизелот
-

Реформа на пензискиот систем веднаш – Фискалниот совет предлага повисоки придонеси и зголемување на пензии
-

Пензионерите добија три проценти повисоки пензии
