-->
-->
Четири натпревари од осмата рунда во Евролигата
-->
Во кошаркарската Евролига денеска на програмата се првата половина натпревари од 8.коло. Рундата ќе ја отворат Уникс Казан и Макаби Тел Авив со дуелот кој почнува во 17 часот.
Од 18:45 часот ќе стартува турското дерби Фенербахче – Анадолу Ефес.
Црвена звезда во Белград ќе го пречека Армани Милано од 19 часот, а последниот денешен меч е во 20:30 часот меѓу Басконија и Бамберг.
Другите четири средби од оваа рунда на програмата се утре.
Табела: ЦСКА Москва 6-1 (победи-порази), Реал Мадрид 5-2, Дарушафака 5-2, Басконија 4-3, Панатинаикос 4-3, Барселона 4-3, Армани Милано 4-3, Фенербахче 4-3, Олимпијакос 4-3, Макаби 3-4, Црвена Звезда 3-4, Анадолу Ефес 3-4, Бамберг 2-5, Уникс Казан 2-5, Жалгирис 1-5, Галатасарај 1-5.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО
-
Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени
-
Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната
-
Пратениците донесоа повеќе закони, долга дискусија по измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците
-
Приведен 33 годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и воздушна пушка
-
Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС
-
Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“
-
Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани