-->
-->
Четири момчиња повредени во сообраќајна несреќа во гостиварско
-->
Вчера околу 23 часот и 40 минути на локалниот пат село Зубовце – село Дебреше, гостиварско, момче од село Врапчиште, гостиварско, управувајќи патничко возило „мицубиши пајеро“, со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(24) од с.Врапчиште, додека возачот и сопатниците Е.З.(23) и Ч.Ш.(24), двајцата од с.Врапчиште, се здобиле со телесни повреди.
Тие биле пренесени во Ургентен центар во Гостивар за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршиле полициски службеници од Полициската станица Гостивар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Чесите од воздух, Словенците од земја – стигна помошта од странство
-
Меморијален парк во чест на загинатите во модуларната болница
-
Висар Ганиу најави тужби за Данела Арсовска – Изет Меџити не кажа во која општина живее
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба обвинителство кое ќе се справи со криминалот и корупцијата
-
Цената на парното останува иста
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати
-
Синдикатите, работодавачите и владата седнуваат на заедничка маса