Четири милиони долари добиени од продажба на имот од поранешна Југославија, ќе бидат искористени за потребите на МНР

Северна Македонија доби четири милиони долари од продажбата на заедничкиот имот на поранешна Југославија во Њујорк, а ќе се искористат за потребите на МНР за купување објект за нашата мисија во Њујорк, информира денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи.
-Тие средства пред два дена легнаа на сметката на нашата мисија во Њујорк и во меѓувреме Владата на својата седница во вторникот, на предлог на МНР, донесе одлука со тие средства, односно во рамки на тие средства бидејќи тие средства ќе одат во буџетот, меѓутоа во рамки на тие средства да се купува објект за нашата мисија во Њујорк и со остатокот од средствата во регионот.
Така што, одиме кон искористување на средствата коишто доаѓаат од сукцесија директно за потребите на МНР, рече Османи. Досега со сукцесијата МНР доби неколку објекти како што се резиденцијата во Париз која што веќе е наша амбасада, потоа станови во Рим, Трст, дел од објектот во Њу Делхи и во Бразил, објект во Камбера, во Хараре и сите тие треба да бидат ставени во функција на нашата дипломатска мрежа.
Запрашан во однос на тоа до каде е процесот на сукцесија, Османи информира дека остануваат уште објекти на поранешна Југославија коишто треба да се поделат, меѓу кои се објекти во Романија, во Албанија, но и во други држави.
-Тој процес продолжува и се разбира ние сме дел од петорката која што разговара за поделба на имотот, меѓутоа се разбира и на веќе добиените, како да ги ставиме во функција на дипломатија. Ќе се реновира објектот во Њу Делхи со цел да биде амбасада за да не плаќаме кирии. Истото се случува во Бразилија, во Атина и тн, рече министерот Османи на новинарско прашање.
Ново на Сител
-

Пронајден и приведен сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
-

Во Струга на ,,Машка плажа“ пронајдено безживотно тело на 20-годишник од село Октиси
-

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на дипломатски возила во близина на Амбасадата на Бугарија
-

Хорор во Тетово: Жена го тепала и удирала од асфалт своето тримесечно бебе
-

Запалени две возила со дипломатски таблички пред Бугарската амбасада | ФОТО
-

Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола
-

Во Србија приведен лажен лекар од Македонија
-

Горивата поскапуваат од половина до два денари
