Четири лица загинаа, 90 се повредени во демонстрациите во Багдад

Најмалку четири лица загинаа, а 90 се повредени меѓу демонстрантите, кои упаднале во добро обезбедуваната Зелена зона во центарот на Багдад, соопштија денеска болнички извори.
Ирачките безбедносни сили истрелале боева муниција и гумени куршуми, како и солзавец, за да ги растераат демонстрантите од зоната, во која се наоѓаат владината зграда, Парламентот и амбасади.
Бројката на загинатите и повредените, која е собрана од четири болници и централната багдадска мртовечница, се однесува исклучиво на жртви на пукотниците, а не на бројот на задушувањата поради употребата на солзавец.
Ирачката војска соопшти вчера дека властите воспоставиле целосна контрола врз немирите, откако силите за безбедност отвориле оган кон демонстрантите, кои упаднале во Зелената зона.
Меѓу нив биле и поддржувачите на шиитскиот муслимански верски лидер Моктада ал Садр и луѓе од други групи кои бил незадоволни поради неуспехот на Владата во донесување на реформи за борбата против корупцијата и во обезбедувањето на побезбедни услови за живот на Ирачаните.
Моктада ал Садр ги поддржа демонстрантите и ја осуди употребата на сила врз нив.
Ново на Сител
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
-

Обвинителството отвори предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Мицкоски: Да се воздржиме од коментари додека трае истрагата
