Четири лица загинаа, а 17 повредени при експлозија во југоисточна Турција
Четири лица осомничени за изработка на експлозивна направа загинаа, а 17 лица беа повредени во експолозијата која се случи синоќа во село во главниот курдски југоисточен дел на Турција, соопштија извори од турските безбедносни сили, пренесува БТА.
Експлозијата се случила синоќа околу 22.30 часот по локално време во округот Сарикамиш, на околу 25 километри од најголемиот град во областа Дијарбекир, додека борците од Курдската работничка партија (ПКК) товареле експлозив во мал камион, соопшти турското Министерство за внатрешни работи. Експлозивот експлодирал пред време, при што осомничените терористи загинале.
Две лице повредени при експлозијата, се во критична состојба.
Експлозијата се случи по нападот со бомба-автомобил, кој беше извршен претходно вчера во близина на воен објект во Истанбул, при што беа повредени седум лица, како и други напад кој беше извршен во средата врз турската полиција во Дијарбекир, во кој загинаа три лица.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар