Четири лица уапсени во нереди во Атина, десет полицајци повредени
Најмалку четири лица се уапсени, а десет полицајци повредени во денешните судири меѓу грчки фармери и полицијата во Атина за време на протест против пензиската реформа и зголемувањето на даноците.
Демонстрантите фрлаа врз полицајците домати и камења, кршеа прозорци на зградата на Министерството за аграрен развој и палеа контејнери на улицата.
Портпаролот на полицијата Никос Тоскас соопшти дека десет полицајци се повредени, а двајца од нив се хоспитализирани.
Друг претставник на полицијата рече дека фармерите се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на влезот на Министерството, а службениците на редот употребиле солзавец за да ги запрат и уапсиле четири лица.
Судири меѓу земјоделците и полицијата избувнаа и на автопатот што води кон грчката престолнина.
Во Источна Грција фармерите со трактори заобиколија полициска патрола и го блокираа главниот пат кон атинскиот аеродром.
Во Атина вечерва се очекуваат масовни демонстрации на плоштадот Синтагма.
Ново на Сител
-
КАМ одбележува 30 години јубилеј - успешна македонска приказна изградена со доверба и квалитет
-
Мицкоски: Aпликацијата m.Uslugi ќе jа промени државата од корен
-
Алта Банка ги известува акционеритe на Стопанска Банка Битола - јавната понуда за запишување акции завршува на 10 октомври
-
Во Њујорк живеат 66 милијардери и 384.500 милионери
-
Иран погуби шест лица поради тероризам и поврзаност со Израел
-
Андоновски: m.Uslugi - апликација што ја носи Македонија на дланка
-
Федералниот апелациски суд во Бостон ја оспори наредбата на Трамп за одземање на државјанството по основ на раѓање
-
Поднесено обвинение за убиството на турски државјанин во Штип