Четири лица пријавени за исчезнати во МВР
Две лица во Куманово и уште две во Скопје се пријавени во МВР за исчезнати.
На 31.07.2016 година во СВР-Куманово, В.К. пријавил дека на 30.07.2016 година од домот во непознат правец се оддалечил неговиот чичко Н.К.(54). МВР денеска соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 01.08.2016 година во СВР-Куманово, Д.Ш. (40) пријавил дека на 30.07.2016 година од домот во непознат правец се оддалечила неговата ќерка А. Ш. (20). И за овој случај, се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 01.08.2016 година во Полициската станица-Гази Баба, Р.К. (27) пријавил дека на 31.07.2016 година од домот во непознат правец се оддалечил неговиот 12 годишен син. МВР соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 01.08.2016 година во Полициската станица-Карпош, М.Л. (44) пријавила дека на 28.07.2016 година од домот во непознат правец се оддалечил нејзиниот сопруг З.Л. (46). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Ново на Сител
-
Субвенции за сметките за струја
-
Преглед на вестите од светот
-
„Независни заедно“ ја промовираа Билјана Ивановска како кандидат за градоначалничка на општината Центар
-
СУТКОЗ ќе му поднесе кривична пријава на директорот на Паркови и зеленило оти не им дава плати на вработените во Флораком и Луна
-
Од 15 август стартува „училишната кошничка“
-
Преглед на вестите од светот
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС