-->
-->
Четири лица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Скопје - Куманово
-->
Денеска (18.02.2025) во 00.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје - Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(20) од с.Орланци, скопско и патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.М.(22) од с.Арачиново, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Б., а со телесни повреди се здобиле неговиот малолетен сопатник, возачот А.М. и неговиот сопатник Ф.Б.(30) од с.Арачиново, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна