Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници постапувале по седум пријави поврзани со семејно насилство, при што четири лица биле лишени од слобода, а со едно лице бил извршен службен разговор.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, изутрина во 08:20 часот, на улицата „Штипска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Ќ. (44) од с.Добридол, гостиварско, со престој во Тетово, поради сомнение дека извршил семејно насилство врз неговата 44-годишна сопруга. Претпладне во 10:20 часот во Полициската станица Драчево бил извршен службен разговор со С.Ј. (63) од Скопје, по пријава дека физички ја нападнал својата 64-годишна сопруга.
На подрачјето на Гази Баба во Скопје, пак, синоќа во 23:15, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Т. (46) од Скопје, по пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал своите родители и упатувал закани кон членовите на семејството. Истиот ден во 22:45 часот, на подрачјето на Шуто Оризари, бил лишен од слобода М.Б. (40) од Скопје, по пријава дека во домот со остар предмет упатувал закани кон својата 41-годишна вонбрачна партнерка, а потоа и кон нивната ќерка, при што оштетил и дел од покуќнината.
МВР информира и дека денеска во СВР Скопје, 37-годишна жена пријавила дека во близина на нејзиното работно место, додека била во возило со својот вонбрачен партнер А.Н., тој ѝ истурил хемиско средство во пределот на лицето и очите. На оштетената и била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Истиот ден, 33-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот сопруг И.С. (34) и упатувал закани.
Полициски службеници од СВР Штип денеска околу 13:00 часот, ја лишиле од слобода С.У. (29) од Виница, по пријава дека физички ја нападнала својата 51-годишна мајка со метален предмет, нанесувајќи и повреди. На повредената ѝ била укажана лекарска помош во Општата болница во Кочани.
- Се преземаат мерки за расчистување на случаите, а по нивното целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.
Ново на Сител
-

Кошта: Усвојувањето на договорените уставни измени останува единствен начин за формално почнување преговорите
-

Сиљановска-Давкова положи венец пред Споменикот на слободата во Девин
-

Мицкоски го пречека Кошта, по тет-а-тет средбата ќе има состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција
-

Канал 12: Напнат разговор меѓу Нетанјаху и Трамп околу израелските напади врз Бејрут
-

Собир на граѓани го блокира сообраќајот на „Бутелска“
-

Антонио Кошта пристигна во Скопје
-

Во Вашингтон нова рунда директни преговори помеѓу Израел и Либан
-

Најмалку 16 луѓе повредени во невреме во Јапонија
