Четири интервенции на кумановските пожарникари изминатово деноноќие
Екипите на кумановската противпожарна единица претпладнево го изгасија пожарот на помошен објект во кумановското село Пчиња, соопшти територијалната противпожарна единица Куманово. Пожарот избувнал во 04:00 часот, утрово. Најнапред интервенирала само една екипа, по што е испратена и втора со друго возило.
Пожарникарите во текот на вчерашниот ден интервенирале во два наврати и на пожар во село Проевце кај „Ловечки Дом“ кој минатата ноќ беше предизвикан од удар на гром. Првпат интервенирале од 13:45 до 14:55 часот, втор пат од 16:35 до 18:00 часот, се наведува во информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
Во липковското село Белановце вчера бил опожарен џип на МВР. Од 15:50 до 17:05 часот четворица пожарникари го гаселе пожарот на возилото со едно противпожарно возило.
Ново на Сител
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија
-
Преглед на вестите од светот