-->
-->
Четири држави кандидати за Олимписки квалификациски турнири
-->

Во пресрет на Олимписките игри во Рио де Жанеиро 2016 Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ќе организира три квалификациски турнири, а досега интерес за добивање на организација на еден од нив пројавија четири земји.
Официјално Турција поднесе кандидатура за домаќин на квалификациски турнир, неофицијални кандидатури објавија Италија и Русија, а од вчера ним им се приклучи и Србија.
Квалификациите ќе се играат во јули следната година, а ФИБА за два месеца ќе објави кои три земји ќе бидат организатори на турнирите за учество во Рио.
Настап на олимписките квалификации имаат изборено: Франција, Србија, Италија, Грција, Чешка (Европа), Ангола, Тунис, Сенегал (Африка), Канада, Мексико Порторико (Америка) и Нов Зеланд (Океанија).
Од штотуку завршениот Евробаскет 2015 директно учество на Олимпијадата обезбедија финалистите Шпанија и Литванија. Учесници на Олимписките игри се и: Бразил (домаќин), САД (светски првак), Австралија (Океанија), Нигерија (Африка), Венецуела и Аргентина (Америка).
Шампионатот на Азија се игра од 23.септември до 3.октомври во Кина. Директно на Олимписките игри ќе учествува шампионот, а од 2-4.место пласираните селекции ќе играат квалификации.
Вкупно 18 репрезентации ќе играат квалификации, поделени на три турнири и само победниците ќе играат во Рио.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
