Фудбал
12. December 2016 - 19:49

Четата на Милески со лекција за А-репрезентативците

Убав меч одиграа младите репрезентативци на Македонија попладнево во Ѓ.Петров против кандидатите за состав на А-тимот. Избраниците на Благоја Милевски со многу млади играчи славеа со 2-1 со головите на Петар Петковски во 22 и 31минута. 
Особено во првиот дел видовме прекрасно издание на четата на Милевски со убави и прецизни пасови, пресинг игра која го збунуваше противникот и лесни контранапади кои носеа голема опасност кон екипата на селекторот Игор Ангеловски која делуваше збунето кога бепе нападната на својата половина. 
 
Во продолжението селекцијата предводена од Игор Ангеловски одигра нешто подобро, наметна своја игра, го засили притисокот, но тоа беше доволно само за намалување на предноста на противникот. Конечните 2:1 ги постави Душко Трајчевски во 76. минута од средбата.
 
А – тим: Шишковски, Бејтулаи, Мурати, Велковски, Демири, Дориев, Муслиу, Најденов, Николов, Аврамовски, Ибраими. Уште играа: Ристевски, Тошевски, Маркоски, Трајчевски, Колевски.
 
У21 – тим: Мујовиќ, Поп Златанов, Симовски, Чешмеџиев, Н’Сомбо, Селмани, Тотре, Елмас, Костов, Костадинов, Петковски. Уште играа: Реџепи, Илиќ, Јанков, Личина, Аломеровиќ, Стојановски, Кривањева, Филиповски, Здравковски, Абдулаху, Крезиќ, Цветановски.