„Чет-ГПТ“ ќе ги потсетува корисниците да направат пауза од подолгите разговори
Американската компанија „Опен-АИ“ (OpenAI) соопшти дека „Чет-ГПТ“ ќе ги потсетува корисниците да направат пауза, ако се најдат во подолг разговор со нивниот вештачкоинтелигентен четбот. Новата функција е дел од континуираните напори на компанијата да ги охрабри корисниците да негуваат поздрав однос со ВИ.
Тие потсетници ќе се појавуваат како скокачки прозорци во разговорите на коишто корисникот ќе треба да кликне за да продолжи со разговорот со ВИ-асистентот. – „Само да се пријавам. Разговарате веќе некое време, дали е ова добро време за пауза?“, ќе гласи, на пр., пораката во скокачки прозорец.
Системот е сличен на потсетниците што ги прикажуваат видеоигрите на „Нинтендо Вии“ и „Свич“ – кога гејмерите играат подолго време.
Правењето паузи од користењето на „Чет-ГПТ“ и дозволувањето на ВИ да прави работи без активно учество на корисникот ќе ги направи ваквите проблеми помалку веројатни или барем ќе им даде време на корисниците да проверат дали одговорите на четботот се воопшто точни.
Инаку, „Њујорк тајмс“ деновиве објави дека со своите способности и одговори, „Чет-ГПТ“ може да дава фактички неточни или опасни насоки, вклучувајќи и поттикннување самоубиствени мисли. Некои од корисниците на четботовите имаат историја на ментални заболувања. „Опен-АИ“ призна некои од овие недостатоци и додаде дека нивниот четбот наскоро ќе биде ажуриран за да биде почувствителен на таквите важни лични одлуки. Наместо да дава директен одговор, компанијата вели дека четботот ќе им помогне на корисниците да размислуваат за проблемите, да поставуваат прашања и да ги согледуваат предностите и недостатоците.
МИА
Ново на Сител
-
Протест на жителите на Аеродром против депонијата Вардариште
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска