Чествување за 100-годишнината од раѓањето на Конески во седиштето на УНЕСКО во Париз
Во седиштето на УНЕСКО во Париз денеска ќе се одржи чествување на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура Блаже Конески. Настанот е дел од календарот на важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО.
Како што соопшти Министерството за култура, во рамките на настанот, со кој се прославува и Светскиот ден на поезијата – 21 Март, ќе биде соопштен лауреатот на годинашното, 60. издание на „Струшките вечери на поезијата“, како и добитникот на наградата „Мостови на Струга“, која се доделува во соработка со УНЕСКО.
По тој повод, со видеопорака ќе се обратат министерката за култура Ирена Стефоска и претседателот на државата Стево Пендаровски.
-Со организирањето на овој настан, се враќа некогашната традиција со која одбележувањето на Светскиот ден на поезијата и соопштувањето на добитникот на „Златен венец“, највисокото признание на Струшките вечери на поезијата, како и на добитникот на „Мостови на Струга“, награда за најдобра дебитантска поетска книга под покровителство на УНЕСКО, се реализираат токму во Париз, во седиштето на оваа престижна Организација за образование, наука и култура при Обединетите нации, стои во соопштението од Министерството за култура.
Настанот е дел од Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески”, која се реализира под покровителство на претседателот Пендаровски, Министерството за култура, во соработка со Министерството за образование и наука.
Ново на Сител
-

Синдикатот на Клинички не се согласува со најавите на министерот за прераспределба на медицински персонал
-

Бесплатни wi-fi зони на Филолошкиот факултет, Универзитетот „Мајка Тереза“ доби нов чет бот
-

Годинава во Македонија регистрирани се 38 нови случаи со ХИВ/СИДА
-

Поради градежни активности Гостивар остана без вода
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест на пензионерите пред Уставен
-

Почнаа да снимаат камерите - казни од следниот месец
-

Реформската агенда и Берлинскиот процес на дебата во Собранието
