Македонија
10. December 2021 - 19:47

Честото менување на законите дополнителен ризик од корупција при носењето на урбанистичките планови

Законот за урбанистичко планирање има многу пропусти и недоречености, што носи голем ризик од корупција, велат експертите за борба против корупција. Истражувањето спроведено од Транспаренси Интернешнал и УСАИД, покажува и дека треба да се зајакне транспарентноста и јавната контрола и учеството на граѓанскиот сектор при изработката и носењето на урбанистичките планови. Дополнителен проблем, според експертите, е честото менување на законите бидејќи токму тоа носи ризик од корупција и судир на интереси

Антикорупционерите очекуваат одговорност од секоја институција за своите постапки. Уставниот суд, на пример, не поведе постапка за оценување на уставноста на специјалниот закон, со кој се одбра компанија што треба да ги гради автопатиштата од коридорите 8 и 10, наместо тоа да се прави преку тендерска постапка. Антикорупциска се сомнева на политичко влијание.

Законот го донесе Собранието, а антикорупционерите имаа низа забелешки, меѓу кои дека предлагачи се пратеници, а не Владата, дека со законот се ограничува конкуренцијата и можноста за фер натпревар, а нема ниту образложение според кој критериум е одбрана фирмата.