-->
-->
Честитки за титулата со голеада
-->
Манчестер сити прво добија шпалир како нови англиски шампиони од страна на фудбалерите на Њукасл јунајтед, по што приредија фантастично фудбалско шоу на „Сент Џејмс Парк“, на кој за жал уште не се вратени навивачите, за да победат со 3:4 победа предводени од хет-трикот на Феран Торес.
Емил Крафт ги донесе домаќините во водство во 25. минута, пред Жоао Кансело во 39. минута да израмни на 1:1, за Торес да постигне спектакуларен гол за 1:2 во 42. минута. Сепак, на одмор се отиде со 2:2, откако Њукасл доби пенал во последните минути, а Жоелинтон беше прецизен против 35-годишниот голман Скот Карсон.
Њукасл повторно дојде во водство, кога во 61. минута беше досуден пенал. Џо Вилок промаши во првиот обид, за во вториот да биде прецизен. Сепак, тогаш повторно на сцена стапи Торес, со два гола во две минути, во 64. и 66. минута за победа на Сити.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози