Честитки за Илинден од Бигорскиот манастир и од градоначалникот на Маврово и Ростуше
„Честит Илинден! Од Бога благослов. На многаја лета, возљубена наша татковино“ – пишува во честитката на Бигорскиот манастир по повод Денот на двата Илиндена.
Бигорскиот манастир е преполн со верници од сите делови на државата. Во соборниот храм на свештената Бигорска обител ќе се одржи свечен чин на доксологија – молитва за татковината.
Честитка по повод Денот на Републиката – 2 Август Илинден упати и градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, од свое и од име на локалната власт.
– На овој ден, кога се поставени темелите на македонската независност и сувереност, посакувам со заеднички сили да се стремиме кон надминување на предизвиците, со цел поголеми демократски придобивки и праведно општество, за економски постабилна и попросперитетна европска иднина за сите нас, стои во еститката на Куртовски.
Во општина Маврово и Ростуше празникот Илинден особено се одбележува во селата Битуше и Лазарополе, каде што традиционално се некогашните жители и нивните потомци.
Во селото Лазарополе во храмот „Свети Георгиј Победоносец“ беше отслужена Света литургија, на која чиноначалствуваше архимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир.
Ново на Сител
-

Семејните лекари во Македонија се уште со ограничени ингеренции
-

Помала државна партиципација за реновирани студентски домови, нови квоти за стипендии
-

Како да се надмине родовиот јаз помеѓу мажите и жените?
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски на одбележување на 150 години од Разловечкото востание
-

Како да се надмине јазот помеѓу мажите и жените на работните места
-

Струмица ја проширува гасоводната мрежа
-

„Клепало“ по две децении конечно пред отворање

