Честитка за празникот Св. Климент Охридски од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија им го честита празникот Св. Климент Охридски.
- Делото на светиот Климент Охридски е рамно на делото на неговите учители светите Кирил и Методиј и е продолжение на нивнота духовна и хумана дејност за описменување на народот. Климент Охридски е создавачот на кирилското писмо и основачот на Охридската книжевна школа. Тој пред повеќе од еден милениум ги постави темелите на словенската писменост во Европа. Ние сме особено горди на фактот што просветлувањето на сите словенски народи своите има корени ги има токму од тука од Македонија, стои во партиската честитка.
Делото на светиот Климент Охридски, како што се додава, има огромен придонес во мозаикот на светката цивилизација и културна ризница и неговото значење е вонвременско и благородно.
- Ликот и делото на Свети Климент Охридски е силно врежано во македонската историја и паметење. Неговото апостолско дело и мисија за описменување имаше за цел да се спротивстави на однародувањето и асимилацијата и како такво е должно за почит, но и поука за сите генерации дека чувањето на културната, јазичната и националната посебност како исконска должност и аманет, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Секое петто боледување во МВР е неуредно или неправилно
-

Од септември регионални лиги во ракомет со македонски, српски и црногорски екипи
-

Дом за кучиња на кратко, надеж за цел живот: „Лајка“ воведува привремено згрижувањена кучиња
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани - нафтата падна на 96 долари
-

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја, Путин упати честитки
-

СДСМ: Мерките се задоцнети
-

Изминатите три дена 1699 сообраќајни прекршоци, уапсени 60 лица за безобѕирно управување на возило
-

Истражување: Некои бактерии можат да преживеат меѓупланетарни патувања
