Честитка за католичкиот Божик од Комисијата за односи со верските заедници
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи упати честитка по повод католичкиот празник Раѓање Христово - Божик до Скопската бискупија, бискупот скопски и апостолски егзарх Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед.
- Божиќните денови го осветлуваат животот на секој христијанин со посебна радост и будат најубави возвишени чувства. Најсветиот христијански празник, раѓањето Христово - Божиќ е празник кога се негуваат убави мисли и дела, посебно кон најближните и кон оние на кои таквата љубов и поддршка им е најпотребна. Затоа, нека овие денови бидат инспирација за правење добри дела и меѓусебно помагање на сите луѓе. Нека бидат поттик за остварување на вредностите кон кои сите заеднички се стремиме: слободата, еднаквоста и праведноста, пишува во честитката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.
Ново на Сител
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години
-
Јавниот линиски превоз во Штип, успешна приказна
-
Преглед на вестите од свет
-
Претрес во Судскиот совет