Честитка за Илинден од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на сите граѓани на Република Македонија им го честита најголемиот празник на нашата татковина, Илинден.
- Големиот македонски празник Илинден претставува симбол за македонската непокор, желба и одлучност на многу генерации во минатото за денес ние да живееме во слободна и независна Република Македонија. На овој ден сите Македонци ги чествуваме славните и храбрите илинденци кои го жртвувале својот живот за татковината како и мудрите и пожртвувани припадници на Народнослободителната војска кои се нераскинлив дел од модерна Македонија, се вели во честитката.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ упатува повик до сите граѓани на Република Македонија и до сите политичари да работат за зацврстување на меѓусебната почит, разбирање и сплотени сите заедно да ја чуваат државноста, сувереноста и независноста на Република Македонија.
- Сакајќи и почитувајќи ја сопствената татковина правиме сигурна и безбедна иднина за нас и за нашите идни поколенија. На сите граѓани им посакуваме овој голем ден да го поминат во среќа, радост, љубов и исполнетост со гордост бидејќи се Македонци. Нека е честит и вековит празникот, стои во честитката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
Ново на Сител
-
Пакистан подготвен за мир ако Индија ги запре воените дејства, вели министерот Дар
-
Макрон во Киев: Подготвени сме да помогнеме ако има прекин на огнот од 30 дена
-
Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан
-
Токсичен облак кај Барселона: Властите апелираат граѓаните да не излегуваат надвор
-
Трамп потпиша извршна наредба за почеток на програма за самодепортација
-
Приведени три лица од кумановско поради управување возило под дејство на алкохол
-
Во Скопје утре авионска дезинсекција против комарци
-
Трајков: Евроинтеграцискиот процес е еден од врвните приоритети, Унијата од нас очекува конкретни резултати