Честитка по повод празникот Курбан Бајрам од Мицкоски
Дозволете ми во мое лично име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на исламската вероисповед да им го честитам големиот верски празник Курбан Бајрам.
Искрено од срце ви посакувам многу здравје, среќа и успеси и нека празничните мигови Ви поминат во спокој, љубов и радост со најблиските.
Овој празник е еден од најголемите празници во исламот кој секогаш потсетува на хуманоста и солидарноста како темелни човечки вредности. Меѓучовечката љубов и разбирање се основата на сеопштата благосостојба на едно општество.
Македонија била и ќе биде земја во која духот на традицијата, но и почитта и меѓусебното разбирање биле мостови кои ги поврзувале луѓето од различни вери и етникуми. Во духот на празничната порака за заедничка поддршка и борба за подобра сегашност и подобра иднина Ве повикувам сите заедно да се сплотиме и да ја градиме Македонија како земја на европски вредности и принципи. Само така ќе овозможиме нашите деца, како и нашите предци да живеат под истото македонско небо во хармонија и напредок.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: не се оди надвор без да се постигне консензус дома
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Нови апсења поврзани со проневера во „Државна лотарија“
-

Во четврток средба Муцунски – Петрова во Софија
-

Филипче: Сите лаги на Мицкоски се разобличени - ЕУ го потврди македонскиот идентитет
-

Поевтинуваат бензините и дизелот
-

Реформа на пензискиот систем веднаш – Фискалниот совет предлага повисоки придонеси и зголемување на пензии
-

Пензионерите добија три проценти повисоки пензии
