Честитка од Заев по повод јубилејот - 50 години од основањето на МАНУ

- Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска упати писмо со честитки до Македонската академија на науките и уметностите по повод 50- годишнината од основањето на МАНУ.
- Измина една значајна етапа од досегашниот развој и работа на МАНУ. Како и сите други институции во Република Македонија, така и МАНУ беше дел од искушенијата и успесите што беа исправени како предизвици што ги носеше времето и развојот на нашата земја, пишува премиерот во честитката.
Во честитката до претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, премиерот Заев, од свое лично име, и во име на Владата на Република Македонија, изразува уверување дека МАНУ ја има целосната поддршка за реализација на својата визија, Академијата да биде активен чинител во активностите Република Македонија да биде општество базирано на науката и знаењето, како една од најзначајните претпоставки за вкупниот развој на нашата земја.
- Од МАНУ се очекува и во годините и децениите што следуваат, континуирано да работи на својата мисија и на својата визија, односно да даде целосен придонес во вклучувањето на науката и уметноста што се создаваат во Република Македонија, во модерните европски и светски текови на овие важни сфери на човековиот дух и цивилизациско опстојување, како и активно да учествува во стратегиите за развој на земјата, секогаш имајќи го предвид мултикултурниот концепт на нашето општество, се наведува во честитката од Заев, по повод јубилејот – 50 години од основањето на МАНУ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
