Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот Песах

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска упати честитка до претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија и до припадниците на Еврејската заедница по повод празникот Песах.
- ПЕСАХ, празникот за поклонение и слава на слободата на еврејскиот народ, претставува пример за милениумската еврејска традиција која од поколение на поколение се пренесува во секое еврејско семејство, славејќи ги историското минато на еврејскиот народ, силната верба во Бога, огромното значење на семејството и взаемното почитување. Токму взаемното почитување ги карактеризира и односите помеѓу македонскиот и еврејскиот народ кои се симбол на повеќегодишното пријателство помеѓу Република Македонија и Државата Израел, а за кои значаен придонес имаат и сите наши сограѓани, припадници на еврејската заедница во Република Македонија, се вели во честитката.
Притоа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочува дека за пријателството меѓу двете држави говорат големиот број проекти реализирани изминатите години кои се директно насочени кон постојаното негување на споменот на Евреите и заштитата на еврејската култура и традиции во Македонија.
- Доказ за нашата заедничка посветеност за продлабочување на нашата соработка е и Декларацијата за пријателство меѓу Република Македонија и Државата Израел која ја потпишавме минатата година. Со оваа декларација дополнително ги зацврстуваме билатералните односи меѓу нашите земји и народи, отворајќи врата за продлабочување и интензивирање на нашата соработка во поголем број на области од взаемен интерес, истакнува Груевски во честитката.
Ново на Сител
-

Костадиновски - Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото
-

Мицкоски: За трипати пократок период имаме 120 милиони евра поголем раст на БДП
-

Билансот од катастрофалниот земјотрес во Колумбија достигна 314 жртви, се трага по уште стотици
-

Министерството за правда на САД тврди дека поранешниот директор на ФБИ му се заканувал на Трамп
-

Автомобил удри во автобуска постојка на Бит Пазар
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за август изнесува 68.675 денари
-

Приведено лице од беровско, управувал возило со 2,62 промили алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
-

Прелиминарни резултати од полагањето државна матура во август
