Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Меѓународниот ден на Бошњаците
ВМРО-ДПМНЕ на припадниците на бошњачката заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците - 28 Септември.
- Бошњачката зедница во Република Македонија со својата културна, јазична и етничка посебност е значаен чинител на македонскиот мултикултурен општествен мозаик. Нивниот искрен и несебичен придонес во развојот на нашата заедничка татковина секогаш бил почитуван и вреднуван од страна на сите граѓани во Македонија. Успехот во придонесот на една заедница во градењето на сопствената држава не се мери во нивната бројност, туку во нивната посветеност, индивидуален и колективен ангажман. Тоа бошњаците многупати го истакнале и потврдиле, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.
Бошњаците, се додава, се дел од македонската култура и традиција на толеранција и меѓусебно разбирање со која се придонесува за заеднички развој и градење на иднината.
- Одбележувањето на овие празници нека бидат повод за зајакнување на заедничките заложби и вредности за создавање подобро утре за нас, но и за идните генерации. Позитивната енергија која извира од празничните моменти нека ни биде водилка во подобра и попросперитетна иднина, стои во честитката од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
ЈСП ќе остане без гориво
-
Русија негира упади на нејзини воени авиони во воздушниот простор на држави членки на НАТО
-
Учениците во Трубарево се враќаат на настава со физичко присуство
-
Јаневска: Учебниците што им недостигаат училиштата ќе може да ги најдат во ПДФ-формати на веб-страницата на Педагошката служба
-
Тепачка меѓу две групи во Неготино откако девојка пријавила дека била физички нападната во угостителски објект
-
Малолетник на електричен тротинет украл чанта од девојка додека седела во угостителски објект во Центар
-
Тешко повреден 18-годишник на мопед во Охрид откако автомобил удрил во него
-
Десет пожари на отворено денеска до 12 часот, четири активни