Честитка од Вељаноски по повод Меѓународниот ден на Ромите
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски по повод 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите упати честитка до припадниците на ромската етничка заедница во Македонија.
- Република Македонија е една од државите кои се активно вклучени во подобрување на социо-економскиот статус и општествената вклученост на Ромите. Наша заедничка определба е постојано да работиме за меѓусебна почит и взаемна доверба и на тој начин континуирано ќе го подобриме животниот стандард на нашите граѓани и ќе постигнеме напредок во сите области на општествено делување, се наведува во честитката.
Вашите лични успеси се успеси и за Република Македонија, истакнува Вељаноски и нагласува дека работењето и делувањето во општествените текови на Ромите е од неизмерна важност кон градењето европска и демократска држава во која се промовира недискриминација и еднаквост на сите граѓани.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото
-
Преглед на вестите од светот