Честитка од Вељаноски по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски упати честитка по повод Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“.
- Со оддавањето на почит и празнување на Светите браќа Кирил и Методиј го уважуваме едно од најзначајните дела за македонскиот народ и останатите народи да можат на свој разбирлив јазик да ги примат и шират христијанските вредности. Тие ги поставија темелите на писменоста и го одбележаа периодот на будење на словенските народи. Нивниот траен белег е врежан во севкупниот европски цивилизациски подем, а преку нивната упорност и макотрпна работа докажаа дека не постои јазик што не е доволно свет и достоен за славење на Бога. Светите браќа Кирил и Методиј преку својата делотворна работа и мисионерски походи просветлија многу народи и го надградија нивниот духовен и културен развој, стои во честитката од Вељаноски.
Наша заедничка цел, како што истакнува Вељаноски, е да продолжиме да го чуваме се она што е создадено како трајна вредност и да сме полни со верба дека имаме сила да ги победиме сите предизвици. Во чест на Светите браќа Кирил и Методиј и нашите претходни генераци имаме обврска да го чуваме идентитетот, културата и јазикот кои се вечен извор на напредок на една држава.
- Сите идни генерации нека продолжат да ја црпат неизмерната инспирација од нивниот лик и дело за благосостојба на нашата татковина, Република Македонија, додава во честитката претседателот на македонското Собрание.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево