Честитка од Вељаноски по повод Божик
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски по повод претстојниот празник Раѓањето Христово-Божик упати честитки до сите верници од католичка вероисповед.
- Христовото раѓање е величествениот ден кога целото човештво го здогледа големиот сјај и го означи зачетокот на славењето на љубовта кон Бога. Овој голем христијански празник нека ни внесе мир и спокојство во нашите срца и добрината секогаш да биде во нас. Светлината на Христовото раѓање да ни биде водилка низ животот за да сме луѓе кои градат вистински христијански вредности, меѓусебно почитување и солидарност, вели Вељаноски во честитката.
Со прославувањето на празникот, се додава во честитката, да ја возобновиме потребата да помогнеме на сите оние кои страдаат и имаат потреба од љубов и со тоа да ја поттикнеме надежта и вербата во Бог.
- Да продолжиме да бидеме истрајни во нашите заеднички цели и да придонесеме во нашиот заеднички напредок и благодет. Потребно е да е да сме обединети и да работиме за просперитетна иднина на Република Македонија, вели претседателот на македонското Собрание во честитката по повод Раѓањето Христово-Божик.
Ново на Сител
-
Бостон: Повеќе медицински сестри од исто болничко одделение добиле тумори на мозокот
-
Денвер загуби од Голден Стејт, Јокиќ постигна дабл-дабл
-
Рубио планира посета на Западен Балкан
-
Дисциплинскa постапка за двајцaта пoлициски службеници кои лажно тврделе дека возилото порше е службено
-
Стапија на сила основните царини од десет осто наметнати од Трамп
-
Извозот од земјава во јануари-февруари изнесува 75 650 милиони денари, што е пораст од 1.6 проценти во однос на истиот период лани
-
Зголемени цените на угостителските услуги
-
САД го прекинаа емитувањето на „Радио Слободна Европа“ во Русија, Украина, централна Азија и Источна Европа