Честитка од собранискиот претседател Џафери по повод католички Божиќ
– Претседателот на Собранието, Талат Џафери од име на пратениците и од свое лично име упати честитки по повод големиот христијански празник – Божик до сите граѓани католички верници, кои го прославуваат празникот по Грегоријанскиот календар.
– Радоста што ја носи божиќниот празник, неговата моќ на сплотување на семејствата, на соседите, пријателите и соработниците во животот е уште една прилика за сите нас да дозволиме да излезе од нас најдоброто, хуманото и благородното. Да подадеме рака, да го отвориме умот и срцето, затоа што само тогаш можеме да ги допреме срцата и душите на другите, да продреме во нивните умови и да спознаеме дека во суштина, сите ние сме едно исто, човечки суштества, немоќни кога сме сами но, незапирливи кога сме сплотени заедно. Само тогаш нема да ги гледаме вештачките разлики кои не разединуваат, нема да бидеме полни предрасуди и полни со себе и ќе сфатиме дека сите сме луѓе, наведува Џафери во честитката.
Тој посакува празникот да всади мир и спокој во душата, убави и благородни мисли и нека го стивне гласот на непочитувањето и недовербата помеѓу нас и околу нас, во соседството и во светот, а дијалогот, договорот и разумот нека имаат секогаш предност пред гласот на насилството.
– Почитувани граѓани, дозволете уште еднаш да Ви го честитам празникот и да Ви посакам празничните денови да ги поминете опкружени со вашите најблиски, во топлината на вашите домови во добро здравје и семејна благосостојба, исполнети со духот на празникот, додава собранискиот претседател во божиќната честитка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Тешка битка со пожарите - спасен живототот на припадник на армијата кој се борел со огнот
-
Мицкоски во Пустец
-
Пожари го пеполосуваат Балканот и поширокиот регион
-
Во Ургентен на Клинички дневно имаат по 10-15 повредени во сообраќајни несреќи
-
Физичка пресметка со секира во центарот на Струмица, еден приведен, друг во бегство
-
Муцунски на состанок за мир во Истанбул – стратешка цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ
-
СДСМ бара оставка од министерот за спорт