Честитка од СДСМ по повод 8 Март

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, упати честитка до сите жени во Република Македонија по повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март.
- Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име ви го честитам 8 март, меѓународниот ден на жената на сите вас: мајки, сопруги, работнички, земјоделки, административки, професорки, новинарки, лекарки, правнички, невработени и вработени жени. 8 март е меѓународен ден на храбрите и одлучните жени кои ја започнале битката за правда. ТАА битка вие храбрите и одлучни жени ја водите и во нашата земја. Денес вие, носителките на ТАА промена, сте повеќе од кога било потребни на Република Македонија. Ве среќаваме по плоштадите, ве гледаме по полињата, по пазарите, на работните места, во семејствата, до децата, до родителите. Вие чекорите кон ТАА посакувана слободата! Со ТАА одлучност и ТАА храброст, со ТАА посветеност и ТАА мудрост, со ТАА пожрвуваност и ТАА одговорност кои се потребни за ТАА најважна битка на нашето време.
Тоа е нашата заедничка битка за правда, за ТАА посакувана среќа и ТАА надеж што `не води кон промените што ги почнавме. Секоја од вас е ТАА промена. Во мое име и во име на Социјалдемократкиот сојуз, чија идеолошка определба е еднаквоста, ви благодарам што се борите за сите нас, за Македонија – едно општество за сите, за ТАА заедничка иднина, стои во честитката на лидерот на СДСМ Зоран по повод Денот на жената.
Ново на Сител
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
-

Денеска реализирани превентивни активности на подрачјата на СВР Битола, СВР Велес, СВР Штип и СВР Тетово
-

Меџити: По две недели, нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“
-

Обвинетиот за убиството на 79 годишна жена во Штип не призна вина, судењето продолжува на 18 март
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика на претходната Влада што ја поддржувавте е минато
-

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
-

Почната е постапка за јавна набавка за чартер летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток
