Честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Курбан Бајрам
Дозволете во мое лично име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, на сите граѓани на Република Македонија од исламска вероисповест, да им го честитам големиот празник Курбан Бајрам со искрени желби, пред се за добро здравје, хармонија и благосостојба.
Празникот Курбан Бајрам е празник на солидарноста и хуманоста кои се универзални вредности што обединуваат и поврзуваат. Да помогнеш и да подадеш рака на тој кому најмногу му треба, е врвна доблест и израз на човечност. Македонија покажала и докажала низ вековите дека има традиција на взаемна толеранција, почит и разбирање, но најважно од се луѓето од различна вера или етничка припадност, да си бидат взаемна поткрепа и поддршка во премрежијата со кои сме се соочувале.
Така е и сега. Македонија и нејзините граѓани се соочуваат овие неколку години со големи проблеми и затоа е насушна потребата да бидат сплотени, да си подадат рака и заеднички да ги надминат предизвиците. Пандемијата, растечката сиромаштија, лошиот стандард и економската криза се премрежијата на новото време со кој мора заедно да се справиме. Колку повеќе си подаваме рака еден на друг, колку повеќе си помагаме, толку полесно ќе се справиме со тоа што сите нас не засега.
Нека е честит големиот празник Курбан Бајрам.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
-

Клучни членки на ЕУ се против предлогот за прием на нови држави без право на глас?
-

Секој пациент ќе има електронско досие - нема веќе хартии во папка
-

Укината забраната за пиење на водата во Струга
-

Андоновски: Законски измени или промена на правилникот - мора да се разјасни што е платформа или што е креатор на содржини
-

Пукал кон сопругата, се заканувал и тепал ќерка – нов случај на семејно насилство во Скопје
