Македонија
17. July 2015 - 10:47

Честитка од претседателот на Собранието Вељаноски по повод Рамазан Бајрам

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска упати честитка до претседателот на Исламската верска заедница во Република Македонија Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед по повод исламскиот празник Рамазан Бајрам.

- Големите верски празници секогаш се насочени кон создавање добри дела и верба дека одиме по вистинскиот пат на пријателство, единство и хармонија. Празникот Рамазан Бајрам нека ви даде поттик и нека ви носи мир во душата, благодет во семејствата и среќа во заедницата. Да ги искористиме овие празнични денови за будење на хуманоста и солидарноста, без разлика на вера или нациoналност и да покажеме взаемна почит кон слободното изразување на религиозните вредности, стои во честитката.

Вељаноски, како што наведува, е убеден дека во Македонија се почитува верската различност и се негува толеранцијата и меѓусебните односи кои водат кон добри дела и просперитет.

- Со тоа заеднички и единствени сме насочени кон сигурна иднина и благосостојба на сите граѓани на Република Македонија, истакнува претседателот на Собранието во честитката.