-->
-->
Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод празникот Свети Климент Охридски
-->
Претседател на Собранието на Република Северна Македонија Африм Гаши во име на пратениците и во негово лично име упати честитка по повод големиот празник „Св. Климент Охридски", патрон на Mакедонската Православна Црква, прв словенски епископ, духовник, просветител и учител.
- Толкувањата на Св. Климент „гладен да нахраниш, жеден да напоиш, патник да прибереш и гол да облечеш, чест на презвитери да направиш...“ и денес длабоко се врежани во секој наш ден, постапка и стремеж да чиниме добрина. На овој голем празник да се навратиме на суштината, на темелите на човештвото и да ја шириме добрината, обединето да чекориме кон вредностите за кои беседел Свети Климент, напиша Гаши во честитката
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор