Македонија
13. January 2022 - 19:39

Честитка од претседателот на ЕПП, Доналд Туск до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Почитуван претседателе,

Сакам срдечно да ви честитам за реизборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на партијата.

По многу успешните локални избори на кои ВМРО-ДПМНЕ победи во повеќето градови – вклучувајќи ги и силните резултати во главниот град Скопје – убеден сум дека и вашиот реизбор ќе придонесе за вбризгување на нова енергија во партијата.

Мило ми што се запознав и со новата партиска доктрина која што беше усвоена на Конгресот, која се фокусира на најважните предизвици со кои се соочува земјата, а тоа се борбата против корупцијата и потребата од дигитализација и реформи за зајакнување на економскиот развој на земјата и нејзино придвижување на Европскиот пат, кои што се клучни столбови за иднината.

Убеден сум дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да води силна и конструктивна опозиција, што ќе  овозможи да си ја врати поранешната сила на идните парламентарни избори, а притоа сметам на вас, да продолжите да се држите до европските и вредностите на ЕПП.

Ви посакувам успех во новиот мандат.

Со почит,

Доналд Туск

Претседател на ЕПП

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ