Честитка од претседателот на ЕПП, Доналд Туск до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
Почитуван претседателе,
Сакам срдечно да ви честитам за реизборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на партијата.
По многу успешните локални избори на кои ВМРО-ДПМНЕ победи во повеќето градови – вклучувајќи ги и силните резултати во главниот град Скопје – убеден сум дека и вашиот реизбор ќе придонесе за вбризгување на нова енергија во партијата.
Мило ми што се запознав и со новата партиска доктрина која што беше усвоена на Конгресот, која се фокусира на најважните предизвици со кои се соочува земјата, а тоа се борбата против корупцијата и потребата од дигитализација и реформи за зајакнување на економскиот развој на земјата и нејзино придвижување на Европскиот пат, кои што се клучни столбови за иднината.
Убеден сум дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да води силна и конструктивна опозиција, што ќе овозможи да си ја врати поранешната сила на идните парламентарни избори, а притоа сметам на вас, да продолжите да се држите до европските и вредностите на ЕПП.
Ви посакувам успех во новиот мандат.
Со почит,
Доналд Туск
Претседател на ЕПП
Ново на Сител
-
Малолетник нападнат од повеќе лица во средно училиште во Бутел
-
Две лица намерно прегазиле и истепале жена во Тетово
-
19-годишник од Охрид приведен за кражба на мопед
-
Мисајловски и Агелер разговараа за претстојните билатерални консултации во областа на одбраната
-
Началникот на ГШ на Армијата Лафчиски на конференција на САД-Јадранската повелба во Тирана
-
Уставниот суд поведе постапка за „балансерот“
-
Судскиот совет одржа јавна расправа по барање за утврдување одговорност против судијата Лазар Нанев
-
Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП