Честитка од претседателот Иванов за еврејскиот празник Ханука

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод еврејски празник Ханука, упати честитка до Берта Романо Николиќ, претседател на Еврејската заедница на Република Македонија, како и до сите припадници на Eврејската заедница во Република Македонија.
На овој голем еврејски празник, стои во честитката од Иванов, ви посакувам светлината на Ханука, која ја симболизира слободата и посветеноста кон верата, да ви донесе мир и благосостојба и да биде поттик за натамошен напредок и разбирање.
- Во деновите на празникот на светлината, одбележувајќи го триумфот над насилството и поробувањето, се присетуваме на важноста на Еврејската заедница во земјава, која е длабоко вкоренета во македонската историја, традиција и култура. Евреите се неразделив дел од македонскиот модел за соживот делејќи ја судбината на македонскиот народ, придонесувајќи кон севкупниот живот во Македонија, наведува во честитката претседателот Иванов по повод еврејскиот празник Ханука.
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
