Честитка од претседателот Иванов по повод Велигден
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите православни христијани, како и до сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија.
- На овој голем христијански празник кога ја славиме победата на животот над смртта се присетуваме дека токму почитувањето на христијанските вредности и верата го зачувуваа народното битие и македонското духовно наследство. Соживотот и религиското почитување придонесоа за зацврстувањето на меѓуверскиот дијалог во земјава. Наша должност и во иднина е да ја пренесеме пораката за вистината за верата која ја живееме, да ги чуваме и да ги почитуваме традиционалните вредности, да бидеме поцврсти и поединствени, јакнејќи ја солидарноста, праведноста и добрите меѓучовечки односи.
Честитајќи Ви го овој голем христијански празник, Ви посакувам добро здравје, благосостојба и духовен мир. Велигден го празнува животот од кој се раѓаат љубовта и надежта како симболи на победата над смртта. На верниците од православна вероисповед и на верниците на Евангелско-методистичката црква им посакувам верба во срцата, меѓусебно почитување, разбирање и заемно помагање - вредности кои мора да бидат секојдневно присутни во живеењето на сите граѓани. Христос воскресна! Навистина воскресна!, стои во честитката од претседателот Иванов.
Ново на Сител
-
Реки народ од сите страни на протестот во центарот на Белград
-
Во тек e акција за спасување на две лица во Мавровско езеро
-
Син си ја нападнал мајка си, се заканувал со остар предмет
-
Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти
-
Приведен крадец во Велес, одземеното е вратено на сопственикот
-
Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја
-
МВР: Претреси во Пробиштип и во Маврово и Ростуше, пронајдена дрога, приведени две лица
-
Во Белград целосно е запрен јавниот градски превоз