Честитка од претседателот Иванов по повод празникот Курбан бајрам

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод верскиот празник Курбан бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница реис-ул-улема хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и до сите граѓани од исламска вероисповед во Републиката.
- Најискрено посакувам празникот да го поминете во добро здравје, радост, среќа и хармонија, споделувајќи љубов со ближните. Како еден од најголемите празници во исламот, Курбан бајрам ги потенцира човечките доблести – солидарноста и грижливоста, помагањето и дарувањето, наведува претседателот Иванов во честитката.
И годинaшново празнување, како што вели претседателот, да помине во духот на споделување и давање на сите оние кои имаат потреба од материјална поддршка, но и потреба од љубов и внимание.
- Би сакал токму на овој голем празник, уште еднаш, да го изразам своето уверување дека Исламската верска заедница и сите нејзини верници како нераскинлив дел од македонското општество и понатаму активно ќе придонесуваат за градење почит и разбирање помеѓу различните вери и етникуми во Република Македонија, истакнува Иванов.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
